Искусете Врвната Забава во Game Room Скопје

Барате совршено место за опуштање и забава во центарот на Скопје? Добредојдовте во Game Room Скопје, каде што љубителите на гејмингот можат да се нурнат во светот на PS5 со најнова опрема и игри. Без разлика дали сте страстен гејмер или само барате забава со пријателите, нашата модерна гејминг опрема ветува незаборавно искуство.

Лоцирани во срцето на градот, Game Room Скопје нуди не само возбуда од игрите туку и удобност со сè што ви треба на едно место. По интензивна играчка сесија, зошто да не се освежите во Gyro House? Во истиот комплекс, Gyro House нуди вкусна храна и пијалоци за да ве одржи полни со енергија за следната рунда играње.

Затоа, соберете ги пријателите, тестирајте ги вашите вештини на најновите PS5 игри и уживајте во ден полн со забава и одлична храна во Game Room Скопје!

МЛАД МАКЕДОНЕЦ УСПЕА ДА НАПРАВИ ПОДОБРО ГИРО ОД ГРЦИТЕ – СТУДЕНТ ОД СКОПЈЕ НАПРАВИ УСПЕШЕН ФАСТ ФУД БРЕНД

Во строгиот центар на Скопје, спроти Соборниот храм, веќе четери месеци работи Гиро Хаус (GYRO HOUSE) грчки ресторан за брза храна кој прави вкусни гиро и суфлаки оброци по автентични грчки рецепти. Нема кој не слушнал за нив во Скопје, а и пошироко. Направија бум на пазарот на брза храна! И ние ги пробавме и бевме воодушевени од вкусот, може да се каже дека се подобри дури и од оние на популарните грчки туристички места!

Тоа предизвика љубопитност кај нас да истражиме околу нивниот бренд и да добиеме повеќе информации околу нивните рецепти. Првичната информација што ја добивме е дека сопствениците се од Солун, но, кога се јавивме на нивниот телефонски број и побаравмe да закажеме состанок, се запознавме со младиот сопственик Кристијан од Скопје.

Кристијан Угриновски (21г.) е млад бизнисмен и Гиро Хаус е негов прв проект кој го добил како идеја уште во студентските денови кога работел како гиро мајстор во ресторани на повеќе места во Грција. Во интервју со него дознавме дека две години работел на откривање на тајните на занаетот па работел извесно време и во фабрика за производство на месо за гиро. Неговиот стил на приготвување на грчките рецепти во Гиро Хаус е негов личен рецепт, создаден од искуството кое го стекнал од повеќе различни гиро мајстори во Грција.

Во интервју со сопственикот го прашавме подетално околу идејата за бизнисот, рецептите за гира, резултати од работата и каков е фидбекот од клиентите:

“Идејата е една многу интересна приказна. Уште како дете многу сакав грчко гиро, но вкусот кој го имаше на нашиот пазар беше далеку од она што со сласт го јадевме во Грција, па се случуваше некогаш да одиме и по 300 км за еден ден само затоа што јас го обожавав нивното гиро. Поминуваа години со надеж дека можеби ќе отворат ресторан во Скопје со навистина добро “грчко гиро”, се додека мојата желба не стана идеја и амбиција јас да бидам тој што ќе го донесе прекрасниот вкус на грчкото гиро кај нас.

Доста време беше потребно да се достигне нивото на знаење и искуство на кое целев, и сакав што поскоро да го споделам тоа и кај нас со отворање на сопствен бизнис – грчки ресторан во центарот на Скопје. Така се роди GYRO HOUSE.

Но, не беше лесно да се отвори ресторан во време на пандемија и светска економска криза, каде што основните намирници варираат од ден во ден како на берза, се соочуваме со дефицит на стручен кадар и имаме висока стапка на инфлација. Сепак можам да се пофалам за досегашните позитивни резултати и воедно да се заблагодарам на луѓето кои веруваа и ме подржуваа.

Денеска GYRO HOUSE се состои од персонал со 10 стручни лица во областа на гиро светот. Можам да кажам дека сме повеќе од задоволни со подршката која ни ја даваат редовните потрошувачи, а ги очекуваме и оние кои допрва ќе не дознаваат и ќе ги пробаат нашите гира. Секако дека сме отворени и за добронамерни критики затоа што целта ни е да сме најдобри и да ги задоволиме и најпребирливите клиенти. Впрочем тука не застануваме, иако сеуште сме нови со само 4 месеци работа, успесите ни се мотив плус за поголеми планови во иднина да го развиваме и прошируваме брендот GYRO HOUSE. ” – изјави Кристијан.

Наша топла препорака е да ги посетите и да ги пробате нивните превкусни гира и суфлаки оброци. Се наоѓаат во строгиот центар на градот, спроти Соборен храм, а имаат и достава до

GYRO HOUSE: УСПЕШЕН СТАРТ-АП СО ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА – ИНТЕРВЈУ СО КРИСТИЈАН УГРИНОВСКИ

Направивме интервју со Кристијан Угриновски, сопственик на Гиро Хаус Скопје (Gyro House Skopje), компанија што во рекордно време се искачи на врвот на fast-food сцената во Македонија. Во ова интервју, Кристијан споделува информации за почетоците на Гиро Хаус, за резултатите од 2023 г. и за плановите во периодот кој следи, како и за неговото ангажирање во градежниот сектор преку негова нова старт-ап компанија.

Како стартапот Гиро Хаус за толку кратко време прерасна во водечки fast-food бренд во Скопје?

– Во почетоците никогаш не претпоставував дека ќе го имаме овој раст за толку кратко време. Можам гордо да кажам дека овие 21 месец напорна работа, предводена од еден одличен тим на луѓе, градиме бренд што стана синоним за вкусно гиро и квалитетна услуга во Скопје, а и цела Македонија. Одличните резултати се патоказ дека се движиме во добра насока, додека нашата дисциплина зборува сама по себе. Позитивниот фидбек од многуте задоволни купувачи ни претставува огромен предизвик да растеме уште повеќе, но и да веруваме и стремиме кон уште подобри резултати наредната година.

Дали може да ни ги споделите резултатите од работењето оваа година во споредба со претходната година?

– Покрај сите предизвици што ни ги донесе оваа 2023 г. означена со периоди на економски пад на европско ниво и дефицит на основни суровини, дефицит на професионален кадар и пораст на набавните цени, можам гордо да споделам раст од 64% во споредба со ланската година. Во 2023 г. имаме и преку 150.000 услужени купувачи. Овие податоци ни се доказ дека се движиме во одличен правец. Не се откажуваме тука, впрочем одиме со нови цели и визии во наредната 2024 година. Работиме целосно посветено на остварување на некои нови проект-планови кои ќе ги откријам наскоро.

Која е тајната на привлекување на толку многу клиенти во Гиро Хаус?

– Според мене, главен виновник за сето ова, произлегува од огромната желба и амбиција да се доведе еден бренд и продукт до перфектност. Да стане синоним најпрвин за една успешна старт-ап приказна, воедно врвна храна и одлична услуга. Непрекинато вложување во софистицирана технологија и знаење за подобро искуство на потрошувачите, како и подобрување на недостатоците и позитивно гледање на критиките. Сето тоа ја открива тајната позади многуте задоволни клиенти во Гиро Хаус. Секако, може да ја потенцирам и ефективната и современа маркетинг стратегија која ја спроведуваме успешно со мојот тим.

Како млад претприемач како ви успева да го развивате овој бизнис успешно, но и да работите на проекти од други сектори? Од fast-food бизнисот, се активирате и во големи проекти од градежниот сектор?

– Да, мојата пасија е поделена во два целосно различни сектори. Воедно, моето прво работно искуство е во градежниот сектор  каде што се пронаоѓав од најрана возраст и траеше се до отворањето на Гиро Хаус, но таа пасија никогаш не прекина. Оваа година ја остварив целта да основам моја сопствена градежна компанија „Форб Инвестмент” која се занимава со целосно проектирање и изведба на висока градба. Оваа година беше доста успешна, каде што беа комплетирани 4 целосно завршени проекти, од кој еден од нив е економски значаен за градот и жителите.

Што може да очекуваме во 2024 од Гиро Хаус, дали планирате експанзија и дали планирате да го ширите вашето портфолио на развој на бизниси и во други сектори или нови стартап проекти?

– Времето ќе покаже дефинитивно. Не сакам да тврдам додека не се реализираат конечно планираните проекти. Но, во секој случај целите се одредени и поставени за 2024 година. Прогнозите се позитивни, а желбата е на највисоко ниво досега. Тимот е спремен и с

Комплетна изведба на проект “Моsh Bar Skopje”. Успешно завршен уште еден проект “Клуч на Рака” за период од само 75 дена.

Комплетна изведба на проект “Моsh Bar Skopje”. Успешно завршен уште еден проект “Клуч на Рака” за период од само 75 дена.
Од проектирање, рушење на стар објект, изведба и градба на целиот проект.

ГИРО ХАУС (GYRO HOUSE) ПРОСЛАВИ 2 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО!

Гиро Хаус (Gyro House Skopje) за само 2 години постоење успеа да постане бренд број 1 во сегментот за брза храна во Скопје! Тие се експерти за гиро, нивните гира се прогласени како најдобри во цела Македонија без конкуренција. Нема човек во Скопје, а пошироко, кој не ги пробал нивните гиро оброци. Како тренд се најпопуларни на социјалните мрежи (TikTok и Instagram), а преку TripAdvisor може да се каже дека кај нив скоро и да нема странец што доаѓа во Скопје а да не поминал до кај нив, во Центар карши Соборен храм, да ги проба овие вкусни надалеку познати гира!

Вчера, 16.4.2024, Гиро Хаус прослави 2 години од основањето, а по тој повод имаше организирано прослава пред нивниот фаст-фуд ресторан во центарот на Скопје. На настанот имаше околу 100 гости меѓу кои беа нивни соработници, клиенти, добавувачи и пријатели. Основачот и Извршен директор Кристијан Угриновски по повод вториот роденден на Гиро Хаус изјави:

„Ви благодарам за вашето присуство на 2-от РОДЕНДЕН НА „GYRO HOUSE“, се заблагодарувам и до целиот мој ТИМ што е покрај мене изминатиов период кој е од исклучително знaчење за нас! Изминативе 2 години се соочувавме со безброј предизвици и горди сме што издржавме силно до ден-денеска. Задоволни сме од досега постигнатото, а тоа се преку 200.000 услужени купувачи и постанување еден од најголемите брендови во фаст-фуд сегментот во Македонија! Нашиот фокус сега е иднината и понатамошниот развој на Гиро Хаус за која најавуваме многу новитети, уште поголеми успеси, изненадувања. Целта како бренд е да се зацврстиме на врвот во својата дејност, но и пошироко! Нека ни се множат годините и нека не пратат здравје и успех сите!“

Да им посакаме и ние многу успех и уште многу направени вкусни гиро оброци! А, вие ако не сте ги пробале нивните гира, не знам што чекате!

Одете во Гиро Хаус или пак нарачајте си онлајн. Дознајте повеќе за Гиро Хаус на нивниот веб сајт или на социјалните мрежи.

Изработка на фасада од Алкубонд на објект Гиро Хаус Центар

Изработка на фасада од Алкубонд на објект Гиро Хаус Центар

Од идејно решение, дизајн, 3Д моделирање и на крај целосна изведба на фасадата. Проектот е реализиран за рекордно кратко време од само 25 дена.

Проектирање и изведба на луксузни вили со базен во Грција

Проектирање и изведба на луксузни вили со базен во Грција, во Ормос Панагиас (Халкидики, втор крак). Целосна изведба од избор на локација, идејно решение, дизајн, изведба и менаџирање на објектите во градба.

Асфалтирање на приватен паркинг простор со подготовка и асфалтирање со гребен асфалт

Асфалтирање на приватен паркинг простор со подготовка и асфалтирање со гребен асфалт.